Приказната за еден развод кој никогаш не се случи...

Без оглед на тоа дали сте во врска или не, со цело срце ви го препорачуваме овој текст. Ќе ви покаже колку е важно да ги цениме и љубиме оние коишто ги имаме во животот – додека се уште имаме шанса...

„Кога таа вечер се вратив дома, мојата жена ја ставаше вечерата на маса. Јас и ја фатив раката и и реков: „Имам нешто да ти кажам.“ Таа седна и молчејќи јадеше. Повторно ја гледав болката во нејзините очи. Одеднаш не знаев како да ја отворам устата. Но, морав да и кажам дека размислувам за развод. Мирно ја започнав темата. Таа не изгледаше дека е вознемирена, наместо тоа, тивко ме праша: „Зошто?“. Јас го избегнав прашањето. Ова ја налути. Ги фрли стапчињата за јадење и почна да ми вика: „Ти не си маж!“

Таа ноќ не зборувавме. Таа плачеше. Знаев дека сакаше да дознае што се случи со нашиот брак. Но, не можев да и дадам задоволителен одговор. Моето срце отиде кај Џејн. Јас не ја сакав повеќе. Само ја сожалував. Со голема грижа на совест, составив договор со кој и ја оставам куќата, автомобилот и 30% од акциите во мојата компанија. Таа го погледна и го искина на парчиња. Жената со којашто поминав 10 години за мене стана комплетен странец.

Ми беше жал за нејзиното изгубено време, ресурси и енергија, но не можев да ги повлечам работите коишто ги кажав, затоа што бев заљубен во Џејн. Конечно таа гласно липаше пред мене, а тоа и очекував да го видам. За мене, нејзиниот плач, во суштина беше еден вид на ослободување. Идејата за развод со која со недели се опседнував, сега стана поцврста и појасна.

Наредниот ден, се вратив дома прилично доцна и ја најдов како пишува нешто на масата. Не јадев, туку веднаш си легнав и заспав брзо, затоа што вечерта супер си поминав со Џејн. Кога се разбудив, таа се уште седеше на масата и пишуваше. Не ми беше грижа, па така се свртев на другата страна и пак заспав.

Утрото таа ми ги презентираше нејзините услови за развод: таа не сакаше ништо од мене, но сакаше известување од еден месец пред разводот. Таа бараше во тој еден месец да се потрудиме да живееме што е можно понормално. Нејзините причини беа едноставни: за еден месец нашиот син има испрашувања и тестови и таа не сака да го вознемирува со нашиот скршен брак. Тоа беше прифатливо за мене. Но, таа имаше нешто повеќе. Ме праша да се потсетам како ја однесов во нашата брачна соба на првата брачна ноќ. Таа побара секој ден во текот на тој еден месец да ја изнесувам од нашата спална соба до предната врата. Мислев дека полудува. Но, за да ги направам нашите последни денови подносливи и го прифатив чудното барање.

И кажав на Џејн за условите на мојата жена. Таа се изнасмеа слатко и рече: „Што и да прави, какви и трикови и да пробува да направи, мора да се соочи со разводот.“

Мојата жена и јас немавме никаков телесен контакт од моментот кога ја изразив мојата желба за развод. Па така кога ја изнесов првиот ден, двајцата делувавме трапаво. Нашиот син ни ракоплескаше во позадина: „тато ја носи мама во раце.“ Неговите зборови ми донесоа чувство на болка. Од спалната соба, до дневната, а потоа до вратата, поминав 10 метри со неа во моите раце. Таа ги затвори своите очи и тивко кажа: „Не му кажувај на нашиот син за разводот.“ Кимнав со главата, чувствувајќи се вознемирено. Ја спуштив на земја, а таа отиде да фати автобус за на работа. Јас сам отидов во канцеларија.

На вториот ден, двајца се однесувавме поприродно. Таа се потпре на моите гради, јас можев да го помирисам парфемот на нејзината блуза. Сфатив дека долго време вистински ја немав погледнато оваа жена. Сфатив дека повеќе не е млада. Сфатив дека има брчки на нејзиното лице, а нејзината коса посивува. Нашиот брак си влијаел на неа. Еден момент се фатив како мислам на тоа што и имам направено.

Четвртиот ден, кога ја кренав, почувствував како се враќа интимноста. Ова беше жената која цели 10 години ми ги посвети на мене. Сфатив дека интимноста повторно се зголемува. Ова не и го кажав на Џејн. Секој ден беше се полесно да ја носам во раце.

Таа еден ден избираше што да носи. Проба неколку фустани, но не можеше да најде ниту еден што и стои. Тогаш воздивна и кажа дека сите фустани и се големи. Одеднаш сфатив дека толку многу сослабела и дека ова всушност беше причината што толку лесно ја носам во раце. Одеднаш сфатив... таа имаше закопано во себе толку многу болка и огорченост. Несвесно посегнав и ја допрев нејзината глава.

Во тој момент нашиот син влезе и рече: „Тато, време е да ја изнесеш мама“. За него, гледајќи го својот татко носејќи ја неговата мајка, тоа стана многу важен дел од неговиот живот.

Мојата жена го повика нашиот син и го гушна силно. Јас го свртев погледот затоа што се исплашив дека можно е да се премислам во последна минута. Тогаш ја држев во моите раце, излегувајќи од спалната, низ дневната, до ходникот. Нејзината рака го обви мојот врат толку природно и нежно. Јас силно го држев нејзиното тело, исто како на нашата венчавка.

Но, нејзината тежина ме направи тажен. На последниот ден, кога ја држев во моите раце, речси и да не можев да направа еден чекор. Нашиот син отиде во училиште. Ја држев силно и реков: „Не забележав дека во нашиот брак недостасува интимност.“

Отидов во канцеларија, скокнав од автомобилот без да ја заклучам вратата. Јас бев уплашен дека какво било одложување ќе ме премисли. Се качив по скалите. Џејн ја отвори вратата и јас и реков: „Извини Џејн, но повеќе не сакам да се разведам“. Таа запрепастено ме погледна и ми го допре челото. „Да не имаш температура?“  Јас и ја тргнав раката од челото и и реков: „Извини Џејн, ама не сакам да се разведам. Мојот брачен живот најверојатно беше досаден затоа што таа и јас не ги ценевме деталите во нашите животи, а не затоа што повеќе не се сакавме. Сега сфаќам дека уште откако ја носев на раце на првата брачна ноќ, мене ми беше судено да ја сакам додека смртта не не раздели.“

Кога го кажав тоа, Џејн изгледаше како да се разбуди. Таа ми залепи силен шамар и тогаш ја тресна вратата зад себе и почна гласно да плаче. Јас се симнав по скалите и си заминав од работа. Во цвеќаницата нарачав букет цвеќиња за мојата жена. Продавачката ме праша што да напишам на картичката. Јас се насмевнав и напишав: „Ќе те носам на раце секој ден додека смртта не не раздели.“

Таа вечер дојдов дома, со цвеќиња во раката, со насмевка на лицето, се стрчав по скалите, само за да ја најдам жена ми во кревет – мртва. Мојата жена се борела со рак со месеци, а јас бев презафатен со Џејн за да забележам. Таа знаела дека наскоро ќе умре и сакала да ме спаси од негативната реакција на нашиот син во случај да продолжевме со разводот.... Барем во очите на мојот син, јас сум верен и добар маж...

Малите детали во нашите животи се она што навистина е важно во една врска. Не е куќата, автомобилот, имотот, ниту парите во банка. Овие работи создаваат околности за среќа, но не можат самите по себе да донесат среќа.

Затоа најдете време да бидете пред се пријател со саканата личност и правете мали работи кои градат интимност. Имајте вистински среќен брак!

Ако не го споделите ова, нема ништо да се случи.

Но, ако го споделите, можеби ќе спасите нечиј брак. Голем дел од животните неуспеси се луѓе кои не сфатиле колку биле блиску до успехот кога се откажале.

 

 

cheap nike free run 5.0