Приказната за бабичката со цвеќиња ќе ви го стопи срцето

На облачно, врнежливо и тмурно време тешко е човек да функционира во канцеларија, по дома и во затворени услови. Но, уште потешко е на вакво време да бидеш по цел на отворено и така се бориш за својата егзистенција и своето парче леб.

Има луѓе кои имаат здраво и среќно семејство, но за жал има и такви со чии животи судбината си поиграла на лош и суров начин.

Горјан Јовановски на фејсбук ја раскажа приказната за бабичката со цвеќиња која ни го стопи срцето:

"Јас сум тука синко од кога ги поставија темелите на Тинексов. Имам маж 24 години врзан за постела, ќерка ми почина пред 2 години и останаа двете внучиња со мене. За нив го правам ова секој ден, денар да однесам дома. Ништо лошо не направивме во животот, но само несреќа нѐ следи. Но цвеќињата ме радуваат, весели бои се, еве види ги овие, сабајле се берени, свежи!"

По овој муабет и по оваа приказна зарем има некоја друга причина која треба да биде доволна за утре или пак во деновите кои следат да поминете и да купиме цвеќе? Така ќе направиме две добри дела: некого ќе направите среќен со подарокот (цвеќето), а на оваа бабичка ќе и помогнете порано да замине дома и да не треба долго да седи и да мрзне на ладното есенско време.

Локацијата е Тинекс маркетот во населбата Карпош 3, по Лептокарија.

 

"Јас сум тука синко од кога ги поставија темелите на Тинексов. Имам маж 24 години врзан за постела, ќерка ми почина...

Posted by Gorjan Jovanovski on Sunday, June 24, 2018