Приказна за животот: Кога ова ќе го сфатиш ништо повеќе нема да биде исто

Понекогаш луѓето влегуваат во твојот живот и веднаш знаеш дека треба да бидат тука, дека нивното влегување во твојот живот има некаква цел и дека тие треба да те научат на некоја лекција и да ти помогнат да се сфатиш себеси. 

Никогаш не знаеш кои се тие луѓе (цимер/ка, сосед, соработници, долгогодишни пријатели, партнер/партнерка, а понекогаш и некој сосема непознат човек), но кога ќе се погледнете во очи, знаеш дека таа личност длабоко ќе влијае на твојот живот. И понекогаш се случува нешто што на почетокот може да ти изгледа страшно, болно и неправедно, но баш во тие ситуации ќе ја дознаеш целта на надминување на тие пречки. Затоа единствениот начин да го спознаеш сопствениот потенцијал е токму преку тие препреки.

Сѐ се случува со причина. Ништо не се случува случајно. Болест, повреда, љубов, изгубени моменти и сите промени се случуваат за да ги тестираат границите на твојата душа. Без овие мали тестови, без оглед на тоа какви се тие, животот би бил како поплочен, рамен пат, кој не води никаде. Би било сигурно и удобно, не ни би водел никаде.

Луѓето со кои се сретнувате и кои влијаат на твојот живот, на успесите и неуспесите, ви помагаат да станете личноста која треба да бидете. Многу може да се научи од лошите искуства. Тие се најважни и најдлабоки.

Ако некој ве повреди, изневери или ви го скрши срцето, простете им, затоа што ви помогнале да научите нешто повеќе. Дозволете секој ден да ви биде важен. Уживајте во секој момент и сфатете дека ниту еден животен момент нема да се повтори.

Разговарајте со луѓе со кои никогаш претходно не сте разговарале и навистина слушајте. Заљубете се, ослободете се и кренете ги своите цели на уште повисоко ниво.

Кренете ја главата горе, затоа што го имате секое право на тоа. Верувајте во себе, затоа што ако не верувате во себе, тешко дека некој друг ќе верува во вас.

Можете да го изградите вашиот живот онака како што вие сакате. Создадете го сопствениот живот и живејте го без жалење.