Приказна за убавите нешта...

Работите никогаш не се такви какви што изгледаат. Многу често паѓаме на работи на прв поглед затоа што се украсени, светкави, спакувани во убаво пакетче, а игнорираме едноставни, но прекрасни работи.

Оваа кратка, но моќна приказна совршено ја доловува поентата дека треба широко да ги отвориме очите и да бараме убавина секаде околу нас!

Маски

Еден ден на плажата се сретнале Убавината и Грдотијата.
И двете рекле: „Ајде да се капеме.“
Се соблекле и се фрлиле во водата. По неке време Грдотијата излегла од морето, ја облекла облекатаа на Убавината и си отишла по својот пат.
Кога од морето излегла Убавината, не можела да си ја најде облеката. Бидејќи се срамела да оди гола, ја облекла облеката на Грдотијата и отишла по својот пат.

Луѓето и ден денес ги мешаат.

Сепак има луѓе кои ја препознаваат Убавината без оглед на тоа како е облечена, како и оние кои ја препонаваат Грдотијата и тие не можат да бидат заведени од нејзината облека.

cheap nike air max 90