Приказна за тоа како луѓето доброволно станаа робови

Луѓето порано живееле во села и градовите не постоеле. Немало струја, па луѓето ги завршувале сите работи преку ден и кога ќе се стемнело, сите седнувале покрај оган, вечерале, раскажувале приказни, бајки и пееле.

Немало телевизори, па затоа децата, слушајќи ги приказните на постарите, си ги замислувале работите и ја развивале фантазијата. Таквата фантазија потоа можела да го создава светот баш онака како што и Тесла, најпрво во својата фантазија, ги гледал своите изуми.

Оделе рано на спиење, јаделе здрава храна, живееле едноставен живот, работеле кога било топло, а есен и зима одмарале и биле во допир со природата. Парите не постоеле, па луѓето сами правеле облека, мебел и сѐ што им било потребно, а одредени добра ги разменувале со соседите.

А потоа ги вовеле задолжителните училишта и децата кои помагале во селата и растеле со животните и природата, биле индоктринирани со лажни знаења.

Се отворале продавници во селата каде се продавале салами, сокови, шеќер и други отрови од кои луѓето се разболувале, па почнале да отвораат здравствени домови во кои луѓето оделе да се лечат и со тек на времето одењето на лекар станало помодарство.

Градовите се развивале, почнале да се отвораат факултети во кои со конечна индоктринација се создавале војниците на системот. Воведени се лажни вредности, луѓето мислеле дека е најважно да отидат на море, да посетат некоја метропола, да имаат пари...

Воведени се даноци. Тогаш луѓето, кои дотогаш живееле на својата земја и во својата куќа, за која никому не давале пари, одеднаш почнале да плаќаат данок за својата земја и куќа и морале некако да дојдат до пари. Во селата немало многу можности за заработка, па почнале да се преселуваат во градовите, каде можеле да дојдат до тие „хартии“ со кои морале да платат за да живеат на своја земја.

Луѓето работеле работи кои им ја убивале фантазијата и духот, живееле одвоени од природата и сосема заборавиле на миризливите летни полиња, песната на птиците, тишината и зимскиот одмор покрај оган и раскажувањето приказни. Се воведе контрола во секоја куќа: телевизија – која го моделира човековиот ум и потреба. Човекот станува зависен од системот, нема своја храна, вода, облека...

И така луѓето заборавија дека се слободни битија кои некогаш, не толку одамна, не плаќале за да живеат на својата земја, а живееле слободен живот.

Она што треба да знаеме е дека секој од нас може, ако само посака, повторно да создаде слободен живот за себе, надвор од овој систем кој нѐ зароби во една огромна илузија која ни ја одзема и последната трошка слобода.

На крајот, сосема вистината се покажа реченицата:

Човекот не мора ништо да прави за да го оправда своето постоење.

За слободен, долг и здрав живот!