Приказна за тоа како луѓето доброволно станаа робови...

Порaно луѓето живееле на село и градовите воопшто не постоеле. Немало струја, па луѓето сите обврски ги правеле преку ден, а кога ќе се стемнело, сите се собирале околу огнот, вечерале и раскажувале приказни и пееле.

Немало телевизори, па децата ги слушале старите и си ја развивале фантазијата. Таа фантазија потоа можела потоа да го создава светот баш онака како што Тесла најпрво во фантазијата ги гледал своите изуми.

Оделе рано на спиење, јаделе здрава храна, живееле едноставен живот, работеле за време на пролетта и летото, а есенските и зимските месеци одмарале и биле во допир со природата. Парите не постоеле, па затоа тие самите си ја кроеле облеката, сами си ги создавале предметите за домот и сѐ она што им било потребно, а некои од тие работи ги разменувале.

Потоа почнале да отвораат продавници каде што се продавале паштети, салами, кока-кола, шеќер и останати отрови кои предизвикувале болести кај луѓето, па почнале да се отвораат „домови за здравје“ во кои луѓето оделе да се „лечат“ и со тек на време, одење на доктор станало помодарство.

Тогаш почнале да се развиваат градовите, да се отвораат факултети во кои со конечната индоктринација се создаваат војници на системот. Воведени се лажни вредности, луѓето се сметаат за важни ако отидат на море, ако посетат некоја метропола, ако имаат пари...

Тогаш вовеле даноци. Тогаш луѓето кои дотогаш живееле на своја земја и во своја куќа, за која никому не плаќале ништо и го создале тоа самите и со свој труд, одеднаш почнале да плаќаат данок за својата земја и куќа и морале да најдат начин да спечалат пари. На село немало многу можности за заработка, па почнале да се селат во градовите, каде можеле да дојдат до тие „хартии“ со кои морале да платат затоа што имаат сопствен дом и своја земја.

Луѓето почнале да работат работи кои ја убивале нивната фантазија и дух, живееле одвоено од природата и сосема заборавиле на миризливите летни полиња, црцорот на птиците, тишината и зимскиот одмор покрај оган и песна.

Се воведе и контрола во секоја куќа, а тоа е телевизијата која го моделира човековиот ум и потреби. Човекот станува зависен од системот, нема своја храна, вода, облека.

И така луѓето заборавија дека некогаш биле слободни битија кои, не толку одамна, не плаќале за да живеат на своја земја, а живееле слободен и непречен живот.

Она што би требало да го знаеме е дека секој од нас, ако посака, може повторно да создаде слободен живот за себе, надвор од овој систем кој нѐ има заробено во една голема илузија која ни ја одзема и последната трошка слобода!

На крајот, сосема вистината се покажа оваа реченица:

„Човекот не мора да прави ништо за да го оправда своето постоење.“

За слободен, долг и здрав живот!