Приказна од скопскиот аеродром: Скопјанецот Васил ја продoлжува борбата за подобар живот надвор од Македонија

Скопјанецот Васил утрово замина за Шведска.

-Си дојдов дома за празниците да ги поминам заедно со своето семејство, работам веќе 4 години во Малме како фризер.Во Скопје работев во неколку фризерници, сакав да си отворам свое студио, но немав можност тоа да го остварам со платата која ја зимав како работник.Случајно ме посети еден другра кој живее во Шведска и ме информираше дека негов пријател бара машки фризер со исуство, така заминав таму.Тешко е кога си разделен од своето семјество, раскажува Васил.

Додека другите се уште празнуваа 27 годишниот скопјанец се испрати со своето семејство на скопскиот аеродром.

-Кога ќе помислам на родиниот град на забавите прославите за Нова година, божиќните празници, семејни прослави, ми го стоплуваат срцето, како Скопје нема друго, вели Васил.

На скопскиот аеродром имаше голем број на луѓе кои се поздравуваа со своите роднини.Родителите на Васили, велат дека за време на празниците биле пресреќни бидејќи ги поминале во друштво со својот син, но време е сега да се поздрават и да му посакаат многу здравје и среќа.

-Секој пат кога го испраќаме срцето ми се кине бидејќи моето дете заминува, но знам дека тоа е неговиот избор и пат за подобра иднина, вели Мето, таткото на Васил.

Официјалните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека од Македонија во 2016 година се отселиле само 440 граѓани.

Споредено со годините претходно трендот бележи намалување. Во 2015 година од Македонија се отселиле 767 лица, во 2014 година 740, во 2014 година 945 лица, а во 2012 година земјата ја напуштиле 1.330 лица.

Според последните податоци објавени од ДСЗ во Публикација посветена на миграциите, во земјава во 2016 година се доселиле 283 македонски граѓани, а во 2012 година 396 граѓани.

Во рамки на внатрешните миграции во земјава, 6.869 лица мигрирале од една во друга општина.