Приказна на скопски таксист: Господине однесете ме до некоја јавна куќа

Таксистите се полни со приказни и со случувања. Не се вели залудно, ако не знаеш нешто, слободно прашај го таксистот, тој сигурно знае. Знае кој каде оди, кој со кого, се разбира од политика, знае каква ќе биде наредната зима и дали ќе биде топло летото.

Еден таксист кој секојдневно вози по скопските улици, раскажува што му се случило една вечер додека си ја вршел својата работа.

Ми се случувало неколку пати до сега да возам странци. Англискиот јазик добро ми оди, па комуникацијата била на добро ниво. Сум возел странци од Америка, од Јапонија, од балканските држави, од ЕУ, од Африка.

Неколкупати ми се има случено слична ситуација, можеби на моменти непријатна, но сепак и интересна. Станува збор за тоа што многумина од странците што сум ги возел нас таксистите не` гледаат како мапа. Ние секогаш се треба да знаеме каде се наоѓа. Џабе не сме таксисти. Сакав всушност да ја споделам ситуацијата која ми се има случено три или четири пати. 

Загреани странци за секс влегуваат во кола и ми велат: "Господине, однесете ме до некоја јавна куќа". Изгледа немаат претходна информација дека кај нас проституцијата не е дозволена. Ова кога го пишувам се прашувам кој кого лаже. Кој на кого му фарба очи. Се знае дека најголема "јавна куќа" кај нас, а и најпозната е онаа пред МТВ, пред МКЦ или кај бензинската пумпа кај сајмиште. Да не зборувам пак за селата кај тетовско, кумановско или гостиварско. 

Во кола ми влезе млад господин. Бил од Германија. Најмногу му давам да имаше дваесет и четири години. - "Господине имав напорен ден, однесете ме до некое место каде можам за пари да добијам сексуално задоволство, разбрав вашите девојки биле добри". 
Што можев да му одговорам. "Извинете, но јас сум таксист не макро". 

- Ајде сигурно знаете некое такво место. Ми фрли на предното седиште дваесет евра. Размислив и навистина не познавам некој кој би ги одбил парите. Се согласив без многу размислување и тргнавме накај МТВ. Имаше една постара жена, во мини сукња. Би рекол ружна. Јас дефинитивно не би легнал со неа. На иста бранова должина бевме со дечкото. Не сакаше ни да помисли. 
- Гледам дека тука каде ме носите нема ништо добро за мене еве уште педесет евра и однесете ме во оние села Камењане или Боговиње. 

Се зачудив од каде му е таа информација дека во овие села можеме да најдеме нешто што тој бараше. 
- Па што мислите ние ако сме странци немаме такви информации? ми рече тој. На крајот тргнавме на пат. Возев побрзо па и брзо стасавме. Ме замоли да го оставам на сред село. Верувам дека не му беше прв пат. Го знаеше селото како да му е родено. Јас си заминав. Од него добив уште десет евра што за мене беше навистина доволно, дури и премногу. 

Пред да се разделиме му реков: "Но тука не знам дали ќе најдете Македонки. 

- Замената не е соодветна, но ќе послужи, ми одговори и замина. 

На ум ми доаѓаа мисли да му предложам да се приклучам во потрагата, но со оглед на фактот во кое село се наоѓав решив да се вратам. Човекот си плати фер, дури и пофер отколку што може да биде. Јас бев презадоволен од вечерната заработувачка.