Приказна која се чита за 30 секунди, но долго се памти

После оваа приказна повеќе ќе внимавате на вашите зборови.

Еднаш одамна, еден старец ширел гласини за својот млад сосед дека е крадец, а поради тоа тој бил уапсен. По неколку дена, се докажало дека тој не е виновен за она за кое бил обвинет. Кога го пуштиле од притвор, младиот човек го тужел старецот за клевета.

Старецот на суд рекол: „Тоа се само коментари. Никому не наштетија.“

А судијата пред пресудата рекол: „Земи еден лист хартија и запиши го сето она што си го кажал за младиот човек. Потоа искини го листот на неколку мали парчиња и на патот кон дома фрли ги низ прозорецот од автомобилот. Утре врати се во судницата и ќе ја чуеш твојата пресуда.“

Утредента, пред изрекувањето на пресудата, судијата му рекол на старецот: „Пред да ја чуеш пресудата, сакам да излезеш надвор и да ги собереш сите хартивчиња кои вчера ги фрли низ прозорецот.“

Тој одговорил: „Не можам да го направам тоа. Ветерот ги разнесе, нема шанси да ги најдам.“

Тогаш судијата рекол: „На ист начин, едноставните зборови и коментари можат да ги уништат честа и угледот на некој друг, до таа мера што нема да може да ги поправи. Сите треба да бидеме господари на својот јазик, за да не бидеме робови на нашите зборови. Озборувањата се полоши од крадањето, затоа што го крадат достоинството, честа, угледот и веродостојноста на другата личност, а тоа е невозможно да се врати. Затоа запомнете го ова: Кога ногата ќе ви се лизне, лесно можете да ја вратите во рамнотежа, но она што ќе го кажете не може да се повлече затоа што веќе е изречено!“