Пријавиле напад пред кафеана, па се однесувале агресивно кон полицајците

Двајца скопјани физички нападнати од седум лица во Ново Лисиче. 

На 23.11.2022 околу 23.00 часот во Полициската станица Аеродром, Д.М.(39) и Ж.М.(39), двајцата од Скопје, пријавиле дека пред угостителски објект на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Скопје биле физички нападнати од седум лица. Полициски службеници излегле на местото и притоа Д.М. и Ж.М. агресивно се однесувале кон нив и ги навредувале, по што биле приведени во полициска станица, соопштија од МВР. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.