Пријавете се за волонтер на Виз Ер Скопскиот маратон 2019

Како за секој голем настан така и за овој потребен е голем број на лица волонтери кои ќе учествуваат во успешната организација на настанот.

Секој волонтер ќе добие маица, вода, храна, и сертификат за волонтирање на Виз Ер Скопскиот маратон 2019. Волонтерите треба да бидат постари од 16 години и да исполнат одредени услови.

Рок за пријавување на волонтери е 25 април 2019 година, или до пополнување на бројот потребен за волонтери.