Пријавени неколку грабежи низ Скопје, во различни деловни објекти

Во текот на вчерашниот ден се пријавени случаи на грабежи во главниот град, на различни локации. Во Билтенот на МВР се евидентирани следниве настани:

Вчера во 09:30 часот во СВР Скопје Г.Ј.(42) од Скопје пријавила дека во филијала за брзи кредити на подрачјето на Гази Баба, едно лице со закана ѝ одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 17:35 часот во СВР Скопје Р.С.(19) од с.Мирковци пријавил дека во спортска обложувалница на подрачјето на Бит Пазар, три лица со закана му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 19:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Аеродром едно лице со закана од вработена одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера околу 18:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Центар, две лица со закана се обиделе да одземат пари од вработената К.С.(27) од Скопје, но не успеале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.