Пријавен крадец кој обивал автомобили

СВР Скопје, Единица за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи за Аеродром и Драчево поднесе кривична пријава против Н.Д.(48) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“,  согласно  член 236 од Кривичниот законик, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 27.000 денари.

На 14.09.2019 околу 15.00 часот на паркинг простор помеѓу два хотела на бул.„АСНОМ“, пријавениот со тврд предмет скршил стакло на патничко возило „бмв-х6“, со кавадаречки регистарски ознаки, сопственост на оштетениот Л.М., при што одзел лаптоп и лични документи на оштетениот.