Пријава за скопјанец: Ги испрскал со бензин и им се заканувал дека ќе ги запали

Скопската полиција поднесе кривична пријава против Б.Д. (62) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.

Како што информираа од полицијата на 22 септември 2016 година околу 16.30 часот на ул. „474“, додека лицата А.Н. (24) и Ш.Н. (32), двајцата од скопското село Цветово, извршувале работни задачи - подземна инсталација, пријавениот почнал да ги посипува со бензин, а потоа извадил и запалка од џебот,  ја запалил и се доближил до лицата со намера да ги запали, но истиот бил спречен.