Пријателите од Хрватска: „Ќе го обновиме гробот на нашата кралица Есма!“

Бидејќи Есма Реџепова била кралица на ромската песна, семејството Дедиќ одлучило да и направи споменик на кој ќе стават и круна. Парите ќе ги соберат преку донации…


„Моите родители го имаа ресторанот „Циганска ноќ“, помеѓу Бања Лука и Босанска градишка. Таму доаѓаа најголемите ѕвезди, а меѓу нив беше и Есма Реџепова“ рекол Рамо Дедиќ (62). Бил возбуден при запознавањето со кралицата на ромската музика, а тогаш имал 18 години. Тоа бил почеток на нивното пријтелство кое продолжило со децении.

„Секогаш ме посетуваше кога доаѓаше во Хрватска“ раскажал Рамо за 23сата.хр.

Нејзината смрт многу ги погодила, но најголемиот шок следел кога ги виделе фотографиите од гробот на Есма Реџепова. Нејзиното последно почивалиште е брдо земја со една табла. Ќе добие најубав споменик.

„Мојата жена Јасмина се расплака кога виде на што личи гробот. Не им беше добро ниту на моите внуци Тина и Тилен, на кои Бандиќ им е кум“ говори Дедиќ.

Кога видел колку тоа ги погодило децата, Рамо одлучил да ги земе работите во свои рце.

„На Есма ќе и направиме споменик каков што заслужува“ вели тој и додава дека парите ќе ги собере преку донации на вечери.

Кога ќе собере одреден износ ќе ги контактира мајсторите. Кога станува збор за изгледот на споменикот Рамо точно знае што сака да го краси гробот на Есма во Скопје.

Раскажал дека на Реџепова, со оглед на тоа дека е кралица на ромската музика, ќе нарача да и направат круна кој ќе ја стават на споменикот.

„Ќе испратам мајстори да и направат најубав споменик“ рекол Рамо па додал дека на Шабан Шаулиќ, кралот на ромската музика би сакал да му подари круна. За Есма има само зборови на пофалба.

На гробот има само земја и табла

Есма Реџепова почина кон крајот на 2016. година, а на татковината и остави и куќа од 750 квадрати која денес е запустена. Исчезнале урната на Свето Тедисуевски, сопругот на Есма, потоа нејзините фустани, одликувањата, наводно повеќе нема ниту радијатори. Иако е гробот пуст, единствената ќерка на Есма, Елеонора тврди дека не е вистина дека таму никој не оди. Нејзината менаџерка Весна тврди дека Есма на еден сун му ги оставила сите авторски права.

„Но, нејзините далечни роднини го оспоруваат нејзиниот тестамент и тоа е сега на суд. Се обврзаа дека ќе го направат гробот, но и после година и пол ништо не направија“ рекла таа.