Витаминот Ц ја прави кожата здрава и убава, но и ноктитите и косата. Тој е еден од најважните витамини за чување на имунитетот и важен е за одржување на колагенот во организмот, а исто така ги штити и јакне и крвните садови.

Витаминот Ц се раствора во вода, што значи дека во телото не се таложи, ниту пак акумулира. Поради тоа е важно дневното внесување на овој витамин.

Тој игра важна улога во апсорпцијата на железото во организмот, додека пак железото придонесува за општото здравје, а со тоа и кон самиот изглед. Ноктите се поубави и поздрави со помош на витаминот Ц. Освен тоа, тој делува превентивно на заноктиците, а за да ја спречите појавата на болни, но и грди заноктици, зголемете го дневниот внес на овој витамин.

Многу истражувања покажуваат дека жените кои во своите средни години внесуваат повеќе витамин Ц имаат помалку брчки и помалку проблеми со кожата. Многу експерти посочуваат дека овој витамин го одложува стареењето поради тоа што ги уништува штетните радикали.