При претрес на пакет за затвореник во Идризово пронајдени марихуана и кокаин

При претрес на пакет за затвореник во КПУ Затвор Идризово откриени марихуана и бела прашкаста материја.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 13:30 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 11:00 часот, при претрес на пакет за осуденикот Е.Д. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана.

Се работи на расчистување на случајот.