При грабежи украл и картички, па со една од нив потоа пазарел - уапсен крадец од Велес

Вчера во 04:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.Т.(33) од Велес.

Како што се наведува во полицискиот билтен, тој се сомничи дека на две локации во Велес извршил кривични дела „тешка кражба“ при што одзел разни предмети, меѓу кои и платежни картички, по што со една од картичките во продажно место извршил две трансакции.

Дел од одземените предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците.

Тој бил приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.