Претставници од невладината организација ТАКТ во просториите на гимназијата „Никола Карев“ во Карпош 3, одржаа низа работилници со ученици од различни возрасни групи, при што го презентираа и прирачникот кој е креиран за потребите на проектот „Млади и вработување – Развој на вештини за вработување на младите во општина Карпош“.
Станува збор за проект којшто го реализира невладината ТАКТ со поддршка на Општина Карпош, а истиот има за цел да ги едуцира младите карпошани да развијат стручни вештини, кои потоа ќе им помогнат при процесот на вработување. Вредно за напоменување е дека овој проект е особено фокусиран кон младите карпошани кои се припадници на одредени маргинализирани групи, а исто така е насочен кон развојот на вештини на младите девојки кои живеат во Карпош.
Наскоро, прирачникот ќе биде достапен на официјалната веб страница на невладината ТАКТ, како и на нивните профили на социјалните мрежи.