Презакажани неколку настани од Бела ноќ заради лошото време

Манифестацијата „Бела ноќ 2022“, нуди богата програма, но заради лошите временски услови деновиве, неколку настани се презакажани. 

Имено, детската претстава „Моќта на музиката“, ќе биде изведена утре на 04.10.2022, со почеток во 19.30 часот. Ќе се изведува на Плоштадот „Филип Втори“  (Помеѓу Камен Мост и Чаршија).

Презакажан е и настапот на пејачката Мијата, па исто така, таа ќе настапи на 04.10.2022, со почеток од 20.15 часот. Локацијата и за концертот на Мијата е иста - Плоштад „Филип Втори“ (Помемеѓу Камен Мост и Чаршија).