Превенција и лекување - научно потврдено: Ова е убедливо најздравата билка на планетата

Има неверојатна кислородна способност да апсорбира слободни радикали со дури 314.446 единици!

Станува збор за каранфилчето! Каранфилите се ароматични цвеќиња од семејството Myrtaceae, Syzygium aromaticum. Потекнуваат од Индонезија и често се користат како зачин. Каранфилите комерцијално се собираат првенствено во Бангладеш, Индонезија, Индија, Мадагаскар, Занзибар, Пакистан, Шри Ланка и Танзанија. Каранфилчињата се достапни во текот на целата година.

Каранфилчето, традиционално е омилената зимска мирудија. Каранфилчињата се всушност незрели, неотворени цветни пупки на зимзелено тропско дрво од семејството мирта.

Додека се свежи се розови, а исушено ја менуваат бојата во црвено-кафеава. Имаат должина од 12-16 мм и личат на шајки. Стебленцата завршуваат со истакнати четириделни цветни пупки. Мирисот им е топол и ароматичен, а вкусот слаткаст и многу јак. Првпат се спомнува во кинеските записи уште во 400 година п.н.е. Римјаните го запознале овој вреден зачин преку арапски трговци.

Каранфилчето кај нас најпознато е како зачин. За жал, често забораваме на неговите бројни лековити својства. Традиционалните кинески лекари го користат каранфилчето уште од дамнешни времиња за лекување дигестивни нарушувања, дијареја, хернија, лишаи, атлетско стапало и габични инфекции. Индиските ајурведски исцелители со него лекуваат и респираторни проблеми.

Средновековните германски тревари со смеса од каранфилче се бореле против гихт. Старите американски лекари го користеле за лекување дигестивни проблеми, а го додавале и во горчливи билни лекови за да бидат повкусни. Тие направиле и масло од каранфилче, со кого ги масирале непцата за да ублажат забоболка.

Неколку капки етерично масло од каранфилче, измешани со вода, ќе го сопрат повраќањето, а инфузијата – мачнината.

Етеричното масло од каранфилче е ефикасно против многу бактерии и паразити.

Каранфилчето содржи еугенол, кариофилен и танин, кои имаат силни антимикробни својства.

Овие материи патуваат со крвотокот убивајќи ги ситните паразити, нивните јајца и ларви.