Претставници од ВМРО-ДПМНЕ се поклонија, во сеќавање и почит кон загинатите кај Смилковско езеро

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потпретседатеки Владо Мисајловски, како и градоначалниците на Бутел и Гази Баба се поклонија кај Смилковското езеро на местото каде пред 10 години во пресрет на големиот христијански празник Велигден беа убиени пет млади момчиња

-Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Тричковски и Борче Стевковски пред 10 години беа сурово и свирепо убиени пред христијанскиот празник Велигден. Одадовме почит за рано згаснатите животи на младите момчиња, кои без никаква причина платија со своите животи. Денес засадивме 5 дрвца во двророт на Црквата Св. 40 маченици кај Смилковското езеро за сеќавање на 5-те прерано згаснати животи. Слава им! - порача Мицкоски.