Претставите на Драмски театар ќе се играат само на малата сцена

Драмски театар во Скопје информира дека поради протекувањето на покривот, ќе се обиде да изврши привремена санација на местата каде што протекува, а во меѓувреме театарот ќе продолжи со проби.

Претстави ќе може да се играат само на малата сцена во театарот.  

– По темелна проверка на целокупната документација за санација на покривот направена во 2018 година и разговор и консултација со тогашниот технички директор, констатирано е следното: Заменета е целокупната покривна површина на теaтарот освен страничните ѕидови на кулата. Во договорот склучен со фирмата која е изведувач на санацијата на покривот, стои гарантен рок од 12 месеци - соопштија од Драмскиот театар.