Претставата „Странци” утре во Драмски театар

“Странци”, според филмското сценарио на италијанскиот филм “Совршени странци” од 2016, а во режија на Нела Витошевиќ е претставата која публиката ќе може да ја види вечерва (22 февруари), со почеток од 20 часот, во Драмскиот театар.

Претставата прикажува неколку современи парови кои се на вечера, а дејството ја обработува вечната тема на дигиталното доба – колку нашите животи постојат надвор од интернетот и социјалните медиуми. “Ме привлече актуелната тема од секојдневието, а тоа е технологијата која ни ги окупира животите, но и впечатокот до која степен таа не отуѓува од партнерот, пријателите и од светот и каква празнина внесува во нашите животи. Другиот аспект од претставата е колку лагата во ова време станува поважна од вистината”, истакна режисерката за претставата во која играат Игор Ангелов, Ирена Ристиќ, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ и Предраг Павловски.