Претставата “Еден месец на село” утревечер во МНТ

“Еден месец на село” на Иван Сергеевич Тургењев, а во режија на Паоло Маџели е претставата која публиката ќе може да ја види утревечер (30 ноември), во 20 часот во МНТ.

Како што и самиот автор ја поднасловува – “комедија“ во пет чина, драмата раскажува типична “селска приказна#, во која Наталија, сопруга на богат човек, и младата Верочка се вљубуваат во истото момче, студент, учител на синот на Наталија. Така скроената ситуација Тургењев „ја полни“ со разни љубови, односно љубовни обиди.

За некои ликови таа љубов е извор на надеж за подобра иднина, за некого е занес во кој привремено се губи себеси, некој пак љуби од навика, некој се согласува со целата илузија, а некој благодарение на љубовта повторно се чувствува жив. Во претставата улогите ги толкуваат Ѓорѓи Јолевски, Сашка Димитровска, Дарја Ризова, Катерина Коцевска, Тина Трпкоска, Александар Микиќ, Никола Ристановски, Нино Леви, Сашко Коцев, Ана Стојановска, Стефан Спасов, Дамјан Цветановски.

air max 90 essential sale