Претставата “Кој е тука идиот” во Дом на АРМ

На први ноември во Домот на АРМ во Скопје ќе биде одиграна хит театарската претстава “Кој е тука идиот” со почеток од 20 часот.

Билетите за претставата се скоро распродадени и поради големиот интерес закажана е уште една претстава која ќе се одигра на 2. ноември, во истиот термин.

Главните улоги во претставата која ги освои симпатиите на љубителите на квалитетна комедија на Балканот и пошироко, ја имаат познатиот актер и водител Милан Калиниќ и неговиот колега Срџан Ивановиќ.