Претседател на избирачки одбор на гласачко место во Пласница, за време на првиот круг овозможил во име на болно лице да гласа неговиот син

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против Ш.Ф.(36) од село Пласница, општина Пласница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на избирачкото право“.

Како што се наведува во полицискиот билтен, на 18.10.2025, пријавениот во својство на претседател на избирачки одбор на гласачко место, за време на гласање во првиот круг од локалните избори на болните и изнемоштените лица, не ја запазил постапката за гласање во домашни услови.

Тој овозможил во име на болно лице да гласа неговиот син, и покрај тоа што болниот не бил дома, односно бил хоспитализиран.