Претреси за дрога во Центар и Драчево - уапсен 24-годишен скопјанец

Синоќа во 21:15 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода 24-годишниот М.С. од Скопје.

Од МВР информираат дека при извршени претреси со судска наредба, на подрачјето на Центар и Драчево во Скопје, била пронајдена и одземана марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.