Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од полициските станици во Велес и Кавадарци во два одделни случаи извршиле претреси во два дома каде биле уапсени 2 две лица поради поседување на дрога.
Првиот настан се случил во 07.50 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога го лишиле од слобода А.Д.(47) од Велес.
„При извршен претрес во неговиот дом во Велес, по претходно издадена судска наредба, била пронајдена и одземена кафена прашкаста материја. А.Д. бил задржан во полициска станица, а потоа, по наредба од јавен обвинител, спроведен во Основното јавно обвинителство Велес. По издадено решение од судија на претходна постапка за изречена мерка притвор, А.Д. бил спроведен во Казнено поправна установа Затвор Скопје“, соопштија од МВР.
Вторниот настан е случил во Кавадарци каде во 13.00 часот полициски службеници го лишиле од слобода Ј.А.(31) од Кавадарци.
„При извршен претрес во неговиот дом во Кавадарци, по претходно издадена судска наредба, биле пронајдени и одземени зелена растителна материја, 21 семки од растителна материја, дигитална вага и дробилка. Ј.А. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираа од МВР.