Претреси во Синѓелиќ, пронајден пиштол и хероин, едно лице приведено

Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово  околу 06  часот во с.Синѓелиќ- скопско од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје извршен е претрес во дом на С.А (32) и на уште неколку локации и при тоа пронајдено е огнено оружје „Застава“,со 9 куршуми, хероин и  една дигитална вага. Притоа приведен е С.А..

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од полицијата.