Претреси во Кочани и кочанско, пронајдена дрога, приведени пет лица

Вчера, полицијата од Кочани уапсиле 5 лица поради поврзаност со продажба на дрога. Во полициската акција лишени од слобода се М.Ц.(21) од с.Облешево, кочанско, С.М.(26) од с.Чешиново, кочанско, А.Р.(26) од Кочани, Н.М.(20) од Кочани и Д.М.(19) од Кочани.

„При претреси во домовите на М.Ц. и С.М. во Облешево и Чешиново, извршени со судски наредби, била пронајдена и одземена марихуана. Додека, полициски службеници од ОВР Кочани кај Н.М. и Д.М. пронашле и одзеле марихуана, која претходно ја купиле од А.Р.. Исто така, со судска наредба се извршени претреси во домовите на А.Р. и Н.М“, информираат од полицијата.

Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случаите, ОВР Кочани ќе поднесе соодветни пријави.