Претреси на повеќе локации во Скопје и Штип – се истражуваат случаи на поткуп и злоупотреба на службена положба

Утрово, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди (ОВККИПС) постапиле по претходно издадени наредби од Основниот кривичен суд Скопје во рамки на истрага за кривични дела злоупотреба на службена положба, примање поткуп и противзаконито посредување, дознава Скопје Инфо.

Според непотврдени информации, полициските претреси биле спроведени на повеќе локации во Скопје и Штип, меѓу кои и во домови, возила и службени простории. Притоа, биле одземени предмети и документација за кои се смета дека се од интерес за истрагата.

Дополнително, активности биле реализирани и во институционални простории поврзани со работата на осомничените. Постапката е во тек и се очекуваат повеќе информации по завршување на истражните дејствија.