Претреси на 32 локации низ Скопје - Обвинителството се огласи за големата полициска акција

Се огласија од Јавното обвинителство во врска со акцијата на МВР која денеска се вршеше на повеќе локации во главнито град. 

- Врз основа на наредби од судија на претходна постапка, обезбедени по барање на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска се вршат претреси на 32 локации во Скопје, на лица, домови и службени простории во МВР. Се преземаат и други дејствија заради обезбедување докази поради сомненија за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 од Кривичниот законик, појаснуваат од ЈО. 

Неофицијално претресите се во рамки на истрагата за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за C и D категорија. 

Акцијата сè уште е во тек, а официјални информации од институциите по нејзиното завршување.