Претрес во струмичко - пронајден амфетамин

Кај 40-годишник од струмичко Босилово, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со амфетамин, информираат од МВР.

Вчера (28.09.2022), полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода 40-годишникот, бидејќи  при претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени споменатите пакувања. 

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.