Претрес во Скопје, пронајдено оружје, приведено едно лице

Денеска (08.10.2021), полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје го лишија од слобода С.Л.(30) од с.Љуботен, скопско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен пиштол „Застава М70“ калибар 7,65 мм со 12 куршуми.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.