Претрес во Скопје: Полицијата приведе дилер на дрога

На 03.02.2023 во 19.00 часот на подрачје на Карпош – Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(32) од с.Бизбегово, скопско.

- При претрес во неговиот деловен објект, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени  марихуана, грутчеста материја, повеќе различни видови таблети и две дигитални ваги. Подоцна, исто така со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом во с.Визбегово и притоа биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материјаи повеќе таблети, информира МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.