Претрес во Гевгелија: Полицијата пронајде импровизирана лабораторија со канабис

Полициски службеници вчера го уапсиле 27-годишниот Р.Ј. од Гевгелија, откако кај него биле пронајдени марихуана, грутчеста и прашкаста кафеава материја и голем износ на пари.

МВР соопшти дека потоа со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом во Гевгелија, при што била пронајдена импровизирана лабораторија со саксии со канабис, марихуана и семки од канабис.

–Пронајдените предмети се предадени за вештачење, а по целосно документирање на случајот, заедно со кривичната пријава, ќе биде изведен пред судија на претходна постапка, соопштија од МВР.