Претрес во дом на жена во Инџиково, затекнат маж со дрога

Денеска по полноќ, во 00:05 часот, во село Инџиково, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.С. (34) од селото.

Како што информираат од МВР, при претрес во домот на 42-годишната А.Д. од Инџиково, извршен со судска наредба, Р.С. бил затекнат во објектот. При извршениот преглед кај него биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана и дигитална вага.

Р.С. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.