
Едно лице е лишено од слобода во Скопје откако при полициски претрес во неговиот дом биле пронајдени марихуана, дигитална вага и фалсификувани денари.
- На 22.09.2026 во 23:10 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Е.К.(46) од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
При претресот, извршен со судска наредба, во домот на 46-годишникот биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и 20 фалсификувани банкноти од по 100 денари.
- Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, наведуваат од МВР.