
Времето утрово е ведро и студено, додека во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се движат од - 2 до 7 степени, а максималните ќе бидат во интервал од 18 до 27 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.
За време на викендот времето ќе биде сончево. Од понеделник времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Утрата ќе бидат ведри и студени со ниски температури кои наместа ќе се спуштат под нула степени, информираат од УХМР.