Претпладне сончево, попладне невреме

Во сабота претежно сончево со локална облачност и топло време. Доцна попладне и навечер услови за локални врнежи од дожд. Минималните температури од 3 до 11 степени, додека пак максималните дневни до 15 до 26 степени.

Во недела умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд кои ќе започнат попладне а во доцните попладневни и во вечерните часови ќе се интензивираат. Дневните температури од 13 до 24 степени. Во понеделник умерено облачно време со повремени сончеви периоди и посвежо време.

Минималните температури од 0 до 8 степени, а максималните од 8 до 18 степени. Во вторник по студеното утро со температури од -2 до 6 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и свежо време со максимални температури кои ќе бидат во пораст и ќе се движат од 12 до 22 степени.