Претпладне сончево, попладне локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне, пред се во западните делови, нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Максималната температура ќе достигне од 23 до 30 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 29 степени.

Во следните два дена ќе има преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата. Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер повторно се очекува в среда.