Претпладне сончево и топло, попладне пороен дожд и грмежи

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, во западните делови умерен ветер од западен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има локално наоблачување со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени.

Во Скопје претпладне сончево, а попладне облачноста ќе се зголеми и во делови од котлината ќе има пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 21 степен.

Во недела ќе се задржи топло и стабилно време.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен северен ветер што ќе услови значително заладување, а на планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминат во слаб снег.

Во вторник ќе биде ветровито и студено со значително пониски температури.