Претпладне сончево и топло, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме. Минималната температура ќе биде помеѓу 12 и 20, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ=9

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, попладне со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температура 19/35 степени.

Во следните денови во попладневните часови ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. Максималните температури до средината на наредната седмица ќе бидат во благо опаѓање.