Претпладне сончево и многу топло, попладне голема промена

Денеска времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со појава на град. УВ индексот е 7.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 22, а максималната дневна ќе достигне 37 степени Целсиусови.

Во Скопје утринска температура 20 степени, а максималната 35 степени.