
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 19 до 29 степени Целзиусови.
Во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер. Наместа ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје, сончево време со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 22 до 29 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.