Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе спушти до 16, а дневната ќе достигне 33 степени.
Маврово 25, Охрид 30, Битола 33, Крива Паланка 30, Берово 28, Кавадарци 34, Дојран 35 степени.
Од понеделник до среда времето ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Максималните дневни температури ќе достигнат и до 39 степени.