Претпладне облачно, попладне дожд и магла - температурата пролетна

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец.

Дневните температури ќе се движат од 8 до 18 степени Целзиусови.

Во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер.

Утре времето ќе биде променливо облачно, претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините на северозапад врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а дневните температури ќе се движат од 8 до 14 степени.