Од УХМР известуваат дека од вчера попладне има врнежи од дожд на целата територија на земјата, при што во одредени делови врнежите се пообилни и со интензивен карактер.
- Воглавно коритата на реките не се исполнети со вода и имаат простор за примање на новите врнежи, но се очекува зголемување на водостојот на сите реки низ земјава. Во западните делови на земјата се очекува значително покачување на водостоите и полнење на речните корита. Исто така, според дел од нумеричките модели за прогноза, и во источните и југоисточните делови на земјата можно е да има интензивни врнежи од дожд што ќе услови зголемување на водостоите. Поради можноста од појава на обилни и интензивни врнежи во одредени делови на земјата можни се и појави на одрони и свлечишта, како и можни проблеми во дел од градските населени места, предупредуваат од Центарот за управување со кризи.
Оттаму апелираат и на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во текот на деновиве.