Претежно облачно со засилен ветер и услови за дожд

Времето денес ќе биде претежно облачно, во источните делови со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините за слаб снег. Попладне вдолж Повардарието ќе почне да дува засилен северен ветер, кој во текот на ноќта ќе се прошири насекаде. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје претежно облачно, попладне со засилен севрен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 10 степени.

Во понеделник ќе преовладува облачно време, студено и ветровито со засилен северен ветер. Потоа следува период на стабилно време. Најсончево ќе биде во вторник, а од среда ќе има умерено наоблачување и услови за магла по котлините.